26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите во развој сѐ уште ги чекаат парите од богатите за зелената...

Земјите во развој сѐ уште ги чекаат парите од богатите за зелената транзиција

Богатите земји ветија дека ќе ја финансираат зелената транзиција во светот во развој. Тие се договорија за таа цел да создадат фонд вреден 100 милијарди долари годишно до 2025-та година, но реализацијата на оваа идеја е сè уште далеку, се вели во извештајот објавен пред почетокот на новиот самит за климата (COP 27), кој ќе се одржа во Египет.

Планот за поддршка на зелената транзиција во сиромашните земји е стар речиси една деценија и треба да собере средства од јавни и приватни фондови кои ќе бидат насочени кон изградба на обновливи извори на енергија и други зелени проекти. За време на состанокот во Глазгов во 2021-ва година, развиениот свет ја потврди оваа заложба.

Но, анализите на властите во Канада и Германија покажуваат дека „има уште работа да се заврши“. Во заедничкиот извештај, исто така, се вели дека пандемијата на коронавирусот и војната во Украина влијаеле на отпорноста на националните економии, задолженоста и безбедноста на енергијата и храната. Но, климатските промени сè уште се прашање на „живот и смрт“.

Целта од 100 милијарди долари е апсолутно задолжителна, според Алок Шарма, кој претседава со COP 26 во Глазгов. Тој ги задолжи Германија и Канада да го развијат тој план, според „Bloomberg“. Се очекува дека финансиите ќе бидат причина за спорови во Египет.

Само пет земји – Шведска, Норвешка, Италија, Јапонија и Холандија – ги исполнија своите обврски. Меѓународните развојни банки одобрија повеќе од 50 милијарди долари финансирање за проекти за климатски промени во 2021-ва година. Сепак, нема јасни планови за финансирањето по 2025-та година.

Студијата во Германија покажува дека финансирањето на приватниот сектор падна на минимум 170 милиони евра во 2021-ва година, што е намалување од 770 милиони евра во 2019-та година. Германија, исто така, не го исполни своето ветување дека ќе обезбеди 6 милијарди евра годишно до 2025-та година за поддршка на зелената трансформација во светот во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП