26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ги намали очекуваните приходи од нафтата

Русија ги намали очекуваните приходи од нафтата

Руското Министерство за финансии ги намали очекувањата за приходите од даноците за производство на нафта во својата буџетска прогноза за следните три години, пишува „Reuters“.

Трговијата со природен гас и нафта е еден од главните извори на девизи во рускиот буџет. Но, санкциите на Западот почнуваат да имаат влијание врз обемот, а соодветно на тоа – намалување на производството и преработката на нафта.

Во предлог-буџетот за 2023-та година, на пример, пишува дека очекуваните приноси на нафта и гасен кондензат ќе бидат околу 490 милиони тони, што е за 7%-8% помалку од прогнозата за оваа година. Тоа значи дека производството ќе се намали од 10,6 милиони барели дневно на 9,8 милиони барели дневно, додава „Reuters“.

Според анализите на агенцијата, овој пад би можел да биде уште позначаен доколку се земат предвид очекувањата во предлог-буџетот за приходи од акцизи и извоз на рафинирани нафтени деривати. Податоците од Министерството за финансии покажуваат дека 408 милиони тони нафта и рафинирани производи, или 8,2 милиони барели дневно, ќе бидат оданочени во 2023-та година, што е повеќе од 507 милиони тони или 10,1 милиони барели дневно.

Од институцијата коментираат за „Reuters“ дека пресметките ги базираат на прогнозите на Министерството за економија за извозот и други параметри.

Од Министерството за финансии објаснуваат и дека „генерално се очекува раст на извозот на нафта“, но во исто време и одбивањето на многу земји за купување руска нафта и попустот што руските компании им го даваат на своите клиенти, налагаат ревизија на прогнозата за производство во Русија.

Така, производството во 2023-та година е намалено на 490 милиони тони, а очекувањата за периодот 2024-2025 година се дека во Русија во просек ќе се произведуваат околу 500 милиони тони нафта годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП