19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлатан не планира пензија: Додека давам резултати ќе продолжам

Златан не планира пензија: Додека давам резултати ќе продолжам

Златан Ибрахимовиќ инсистира дека не планира да замине во фудбалска пензија и покрај тоа што уште не заиграл за Милан во новата сезона по операцијата на коленото, и ги отфрл шпекулациите дека ќе се повлече во јануари доколку опоравувањето не му оди според планот.

Во интервју на „Си-Ен-Ен“, 41-годишниот Швеѓанец инсистира дека уште не размислува за тоа.

„Имам голема страст за играта. Сега сум во поинаква ситуација со возраста и со соиграчите кои ги имам, но ужувам во секој ден бидејќи кога ќе сопреш со фудбалот сигурно ќе имаш работи за кои се каеш и не сакам да го направам тоа. Се обидувам да останам на високо ниво со младите момци и да останам во ритам. Сакам да бидам здрав и потоа ќе видиме до каде ќе стигнам. Додека давам резултати, ќе играм. Кога ќе се успорам, сакам тие околу мене да бидат искрени и реални. Сакам да сум подобар и имам таков менталитет што сакам предизвици“, вели Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот имаше повреда на лигаментите во коленото во 2017 година кога беше фудбалер на Манчестер јунајтед, кога паузираше речиси цела година, но вели дека сега е поинаку.

„Тоа ми беше прва голема повреда и сите работи ми беа нови. Не знаев што да очекувам, што беше пред мене“, вели Ибрахимовиќ, кој е под договор со Милан до 2023, а минатата сезона постигна 8 гола во 32 настапи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП