28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКлучен 8. ноември – датум од кој трепери цела Украина

Клучен 8. ноември – датум од кој трепери цела Украина

Републиканците претходно предупредија дека би можеле да ја прекинат помошта за Украина доколку ја освојат контролата над Конгресот на претстојните избори.

“Midterm election” се одржуваат две години по претседателскиот мандат, односно на половина пат од претседателскиот мандат.

Тие ги избираат сите 435 членови на Претставничкиот дом и 35 членови на Сенатот, а изборите годинава ќе се одржат на 8 ноември.

Одговори на неколку клучни прашања за тоа дали изборите можат да влијаат на текот на војната меѓу Украина и Русија, јавува Би-Би-Си.

Украинското Министерство за одбрана објави видео на кое се гледа огнена низа проектили од американско производство кои го осветлуваат ноќното небо додека ја погодуваат својата цел, додека песната на Металика свири во позадина. Оружјето што Американците им го дадоа на Украинците е модерен ракетен фрлач со повеќе цевки, попознат како Химарс.

САД досега и испратија на Украина осумнаесет ракетни системи Химарс, како дел од пакетот помош вреден 52 милијарди долари. Воените експерти и украинската влада велат дека поддршката била клучна за нивната мисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП