26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВитаминка АД Прилеп оствари позитивни финансиски резултати за периодот јануари-септември

Витаминка АД Прилеп оствари позитивни финансиски резултати за периодот јануари-септември

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат на износ од 19.679 илјади денари.

Остварените единечни вкупни приходи за девет месеци од 2022 година изнесуваат 2.880.115 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2021 година бележат пораст од 35%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2021 година се повисоки за 34%.

Остварените единечни вкупни расходи во девет  месеци  од 2022 година изнесуваат 2.993.286 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период  во 2021 година бележат раст од 44%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првите девет месеци од  2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП