24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите компании од Македонија и регионот присуствуваа на 8 FMCG SUMMIT

Најголемите компании од Македонија и регионот присуствуваа на 8 FMCG SUMMIT

Повеќе од 400 учесници од најголемите компании од секторот трговија со стока за широка потрошувачка во земјава го посетија 8 FMCG SUMMIT што се одржа вчера во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“

Овој најголем настан во трговскиот сектор во Македонија уште еднаш на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите, кои имаа можност да ги слушнат новитетите и трендовите од врвни авторитети во FMCG – секторот. Говорници од Македонија, Србија, БиХ и Велика Британија  пред присутните ги споделија своите драгоцени искуства и знаењa за тоа како  компаниите да носат одлуки во време на висока инфлација и економска криза, како да опстанат на пазарот, кои извори на финансии им стојат на располагање, која е тајната на победничките тимови, како продажните тимови подобро да продаваат и слични актуелни теми. Бојан Радун, CEO на „Имлек“ и сопственик на „Нектар“ сподели искуства за раководењето на семејните фирми – која е разликата меѓу водството на сопственик и професионален менаџер, а во рамки на Самитот имаше и дебата за актуелните проблеми на компаниите и можните решенија за во иднина.

Самитот се одржува еднаш годишно во Македонија. Вакви FMCG – самити организираат и редакциите на InStore во Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП