5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтручна странска помош за компаниите со поддршка од Владата

Стручна странска помош за компаниите со поддршка од Владата

alek1

– Владата ќе спроведе проект преку кој ќе обезбеди стручна помош за компаниите со ангажман на странски експерти со цел да им помогне во работењето. Компаниите од денеска добиваат можност да аплицираат на владиниот јавен повик со кој ќе покажат интерес за добивање помош од странски експерти во различни области.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на прес-конференција информира дека за ангажирањето на експертите во најголем број случаи Владата ќе ги покрие целосно трошоците, а во определен број случаи по извршени анализи и консултации многумал надомест ќе треба да обезбедат компаниите. За да добијат помош со ангажман на странски експерти компаниите што ќе аплицираат треба да имаат два последователни финансиски извештаи, односно да работат најмалку две години и да имаат повеќе од пет вработени.

Компаниите од приватниот сектор ќе може да аплицираат за користење стручна помош од странски експерти од различни области: земјоделство, прехранбена индустрија, туризам, градежништво, текстилна индустрија, информатички технологии, финансии…

– Особено се охрабрува пројавување интерес за користење експерти од областа на технологијата на работа на компанијата и техничко-технолошкиот процес што би можеле да придонесат за поголема ефикасност и ефективност во деловниот потфат, во обезбедување подобро производство и повисок принос, подобрување на дел од производствениот процес, како и повисока вредност и конкурентност на производите или услугите кои ги нуди компанијата, истакна Ѓорѓиев.

Апликациите ќе може да се достават во наредните 40 дена по писмен или по електронски пат до Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП