Преговарачите на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент во четвртокот вечерта постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови возила со мотор со внатрешно согорување од 2035 година.
Тој закон практично ќе ја забрани продажбата на нови автомобили и комбиња на бензин или дизел во 27-члениот блок. Забраната е дел од пакетот на ЕУ за климатски промени наречен Fit for 55, кој има за цел да ги намали емисиите што ги оштетуваат климата за 55 проценти до 2030 година, во споредба со нивоата од 1990 година, и да постигне климатска неутралност до 2050 година.

