23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската економија забележа раст од 2,6 отсто во третиот квартал

Американската економија забележа раст од 2,6 отсто во третиот квартал

Американскиот бруто домашен производ (БДП) порасна во третиот квартал, покажа најновата проценка на Министерството за трговија, што сигнализира закрепнување на водечката светска економија, поткрепено со силен раст на извозот.

Во периодот од јули до септември, американскиот БДП е зголемен за 0,6 отсто во однос на претходните три месеци кога бележи пад од 0,1 отсто. Во првите три месеци од годинава бележи пад од 0,4 отсто на квартална основа. На годишно ниво, БДП порасна за 1,8 отсто во третиот квартал, како и во периодот од април до јуни.

Ануализираната стапка, која покажува колку економијата би пораснала или паднала 12 месеци наназад доколку растела или паѓала со исто темпо во секој квартал како и во последните три месеци, во третиот квартал изнесувала 2,6 отсто.

Закрепнувањето на БДП го поддржа силниот раст на извозот

Во вториот квартал, ануализираната стапка покажа пад на активноста за 0,6 отсто. Заедно со САД, само Јапонија и Канада сè уште ја користат годишната стапка.

Закрепнувањето на БДП во третиот квартал го поддржа силниот раст на извозот, за 11,3 отсто во однос на истиот период лани, по 7,3 отсто раст во претходните три месеци. Растот на увозот, пак, нагло забави, од 11,2 на 7,5 отсто.

Растот на личната потрошувачка забави до 2 отсто во услови на висока инфлација, посилен долар, зголемени каматни стапки и прекини во синџирите на снабдување, посочува Министерството, потсетувајќи на разорот од ураганот Иан на крајот на септември во Флорида и Јужна Каролина.

„Таа катастрофа ги наруши нормалните потрошувачки и деловни активности и поттикна ангажирање на служби за итни случаи и активности за обновување“, се вели во извештајот на Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП