2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРевизорите констатирале слаба контрола во делењето државни пари на странските инвеститори!

Ревизорите констатирале слаба контрола во делењето државни пари на странските инвеститори!

Ревизорите го прочешлаа работењето на индустриските развојни зони. Од достапните документи е констатирано дека работењето на странските инвеститори има позитивен ефект на македонската економија, но нотирани се недостаоци на транспарентност и очетност во однос на финансиското евидентирање. Во периодот од 2017 до 2021 година, Дирекцијата за ТИРЗ има доделено државна помош во вкупен износ од 75,5 милиони евра, од кои директно исплатените средства од државната каса се 37,5 милиони евра, а даночните и царинските ослободувања се во износ од 38 милиони евра.

Државниот завод за ревизија објави извештај поврзан со работењето на зонити во кои се сместени странските инвестиции. Освен работењето на компаниите со странски капитал, во ревизорскиот извештај се наведени и слабости во системот на државата во делот на финансирање на овие деловни субјекти. Ревизорите забележале и потреба од поголема транспарентност во известувањето за парите кои ги добиваат овие фирми од страна на државата. Во Дирекцијата за технолошко развојни зони е констатирано дека недостасува надзор над корисниците во зоните, како и единица за внатрешна ревизија што влијае на навременото откривање, спречување и преземање на правни мерки во случај на неправилности во работењето. Начинот на кој е организирано финансиско евидентирање и севкупното известување не обезбедува целосна точност и транспарентност при информирањето, стои во извештајот. Дополнително, имајќи го предвид наведеното ревизорот заклучил дека со исклучок на ефектите од наведените прашања, мерките и активностите за развојот и работењето на ТИРЗ преземени од страна на Дирекцијата во сите материјални аспекти се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства, договори и воспоставени политики. Ревизорите излегоа со прeпораки до надлежните меѓу кои и следниве:

„Доуредување на начинот на координација на државните органи МФ, МЕ, УЈП и Дирекција во постапката за обезбедување на даночни ослободувања. Попишување на постапката за следење на даночно ослободување при склучување на договори за втори или повеќе продуктивни почетни инвестиции. Примена на Методологија за доделување на државната помош за обезбедување контрола на наменското трошење на средства и остварените поволности по основ на даночни и царински ослободувања и олеснувања. Допрецизирање на значењето на „кумулација на помошта‘‘, начинот на нејзино следење. Утврдување на критериуми за висината на доделување на државната помош, со вклучени индикатори за мерење на ефекти од нејзиното доделување. Утврдување на критериуми за определување на висина на индивидуалната помош“, стои во извештајот на ДЗР.

Дополнително, ревизорите утврдиле дека во соработка со Владата треба да се преземат мерки и активности за донесување и имплементирање на Стратегија за привлекување на странски инвестиции во која ќе бидат вклучени и насоките за развојот и работењето на ТИРЗ и ИЗЗ. Во извештајот може да се забележи и потребата од анализирање на тековната состојба со бројот на вработени и ангажирани лица по договор за дело во Дирекцијата, исто така определување на оптимален број на вработени за непречено и сигурно извршување на дејноста и нивно соодветно пополнување. Исто така ревизорите констатирале дека потребно е редовно да се изработува извештајот за работењето на зоните за претходната година и негово доставување за разгледување до Владата.

Инаку, владата  има основано 14 индустриски зони во кои работат странските иинвестиции. Од нив осум се во функција, од кои зоната во Тетово каде е склучен договор за Јавно приватно партнерство, а пак неоперативни се пет. Според информациите  започнати се активности за основање на три нови ТИРЗ. Во однос на државната помош, таа се доделува како шема за помош или индивидуална помош но за неа е потребно одобрување од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во периодот од 2017 до 2021 година, Дирекцијата има доделено државна помош во 75,5 милиони евра, од кои директно исплатените средства од буџетот се 37,5 милиони евра, а даночните и царинските ослободувања се во износ од 38 милиони евра. Само во 2021 година, вкупниот износ на доделената државна помош изнесува 24,5 милиони евра, од кои директно исплатени средства од државниот буџет 11,9 милион евра, а доделените даночни и царински ослободувања 12,6 милиони евра. А преземените активности на Дирекцијата за привлекување на странски инвестиции имаат позитивното влијание врз бруто домашниот производ и намалување на невработеноста во земјава.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП