Министрите за енергетика на ЕУ на состанокот во Луксембург не успеаја да се договорат за ограничувањето на цената на гасот во Унијата и ја одложија расправата за ова прашање за еден месец.
Целта на средбата беше да се олесни постигнувањето компромис преку преговори, за да се намалат цените на гасот.

