19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДесет работи кои треба да ги направите додека сте невработени

Десет работи кои треба да ги направите додека сте невработени

deset1

Престанете да се грижите ако сте невработени дека работодавачот ќе ве одбие поради големата временска разлика помеѓу двете работни места.

Новото истражување на интернет порталот „CareerBuilder.com“ покажува дека поголемиот дел од работодавачите имаат разбирање за „дупката“ во вашата биографија. Анкетата покажа дека дури 40 проценти од невработените се без работа шест месеци и подолго.

„Врежано е мислењето дека периодот кога сте невработени негативно влијае врз можноста за друга работа, но истражувањето покажа дека тоа не е точно“, рече Росемари Хефнер, директорка за човечки ресурси во „CareerBuilder“. Но, истакна дека тој вакум простор пожелно е продуктивно да се искористи. Еве ги десетте идеи кои таа ги сподели:

Прифатете привремена работа или договор на одредено

Скоро 80 проценти од испитаните работодавачи го препорачуваат овој чекор, без разлика од типот на работата. Поентата е да покажете за што сте способни, а ако се покажете можеби ќе ви понудат договор на неопределено.

Усовршувајте се

Една од препораките на работодавачите е да се запишете на некој курс и да го усовршите своето знаење. Ако се запишете на курс кој е поврзан со работата испраќате порака дека сакате да напредувате.

Волонтирајте

Дури 60 проценти од работодавачите изјавиле дека, податокот за тоа дали потенцијалниот кандидат има волонтирано, влијаел на конечната одлука.

Започнете свој бизнис

Ако имате можност, пробајте самостојно да водите бизнис. Ќе научите многу работи кои ќе ви помогнат да осознаете како функционира деловниот свет.

Пишувајте професионален блог

Ова е добра прилика да си се докажете самите на себе како експерт, но никогаш не знаете кој ќе ви го прочита блогот. Можеби идниот шеф.

Создадете конекции

Создадете конекции на социјалните мрежи, поврзете се со колеги, пријатели од вашата професија.

Искористете го времето за нови идеи

Кандидатите кои доаѓаат на разговор за работа со нови и свежи идеи, имаат поголеми шанси од оние кои не се креативни.

Следете ги огласите со најбарани професии

Можеби никогаш не е доцна да размислите да се дошколувате или да ја промените насоката по која сте тргнале.

Употребете клучни зборови во биографијата

Истражувањето покажало дека многу работодавачи ги ценат биографиите кои ги имаат зборовите како волонтирање, блог, курс.

Дополнителна потврда

Според анкетата, последната работа која треба да ја направите е да се заблагодарите за овозможената шанса за разговор. Напишете го тоа по можност рачно, но и преку email ќе остави добар впечаток.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП