29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортист за уживање во возењето: „Porsche 911 Carrera T“ (ФОТО/ВИДЕО)

Спортист за уживање во возењето: „Porsche 911 Carrera T“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Porsche“ претстави нова верзија на „911“, овој пат во необична комбинација.

Таа комбинација ја вклучува основната верзија на „911“, заедно со голем број дополнувања и модификации, така што автомобилот е побрз при возење, а тој што седи зад воланот може целосно да ужива во него.

Во хиерархијата, овој модел доаѓа по обичната „Carrera“, но под нивото „S“. Буквата „T“ означува „Touring“, во превод – обезбедува пуристичко возачко искуство со извонредна спортска опрема.

Верзијата „T“ сè уште е придвижувана од 3.0-литарски твин-турбо мотор со 6 цилиндри. Тој произведува 385 ks (283 kW) и 450 Nm, а е поврзан со 7-брзински мануелен менувач. Како дополнителна опција е достапен осумстепен „PDK“ менувач.

Затоа постои стандарден механички диференцијал со ограничено лизгање, комбиниран со системот „Porsche Torque Vectoring“ на „Carrera S“.

Во овој автомобил сѐ што е излишно е отстрането. На пример, нема задни седишта, но може да се вратат по барање на купувачот, без доплата.

Но затоа е тука спортската суспензија „PASM“, 10 mm пониска од стандардната. „Porsche“ исто така отстрани поголем дел од изолацијата, така што моторот може уште подобро да се слуша во кабината додека се движите со брзина по планинските патишта.

Спортскиот издувен систем е дел од стандардната опрема, како и пакетот „Sport Chrono“.

За оние кои бараат перформанси на пат, треба да се каже дека забрзувањето до 100 km/h трае 4,3 секунди или 3,8 секунди со менувачот „PDK“. Во двата случаи, максималната брзина е иста и изнесува 291 km/h.

Со цел да се намали масата, со помала изолација, конструкторите побараа да се постават потенки стакла и уште помала батерија. На крајот, „Carrera T“ тежи 1.470 kg или точно 35 kg помалку од основната „Carrera“.

Оваа верзија можете да ја препознаете по црните краеви на издувните цевки, како и по деталите во титаниум сивата нијанса.

Внатре, тоа е „GT“ волан и „Sport Plus“ седишта со електрично прилагодување. Сè друго е во списокот со опции.

Првите испораки на овој модел се закажани за февруари 2023-та година, а почетната цена во Германија е 123.845 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП