25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се избира концесионер за комплексот „Македонско село“

Ќе се избира концесионер за комплексот „Македонско село“

makedonsko selo1

– Министерството за економија распиша оглас со кој ќе утврди дали има интерес од приватни концесионери за менаџирање и стопанисување со комплексот „Македонско село“, лоциран во скопската населба „Нерези“ спорти манастирот „Св.Пантелејмон“.

Целта е музејот на отворено „Македонско село“ да стане ексклузивна туристичка атракција поради што во соработка со заинтересираните субјекти ќе се конципираат целосно моделите и можностите за издавање под концесија. Апликациите со план и концепт за работењето треба да се достават до 10-ти следниот месец.

Комплексот „Македонско село“ се простира на површина од 12.194 метри квадратни. Во него се наоѓаат 12 автентични куќи од различни региони на Македонија, како и други придружни содржини, меѓу кои два ресторани, музеј, сувенирница, портирница, мал амфитеатар за организирање конференции. Во комплексот има и посебен дел со селско-стопански содржини – воденица, валавница, трло, штала, рибник… кои идниот концесионер ќе може да ги стопанисува.

Според огласот, во комплексот би се вршела хотелиерска, угостителска, туристичка и занаетчиска дејност, продажба на сувенири, како и производство на храна.

Издавањето на комплексот под концесија е дел од активностите за спроведување на Стратегијата за развој на туризмот и туристичките ресурси и капацитети на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП