СВЕТ

Песков откри зошто Путин не му честитал на Сунак

Рускиот претседател Владимир Путин не испрати телеграма со честитки до новиот британски премиер Риши Сунак, бидејќи таа земја е на листата на непријателски држави, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Познато е дека Британија е на листата на непријателски земји, и затоа не е испратена телеграма за честитки, рече Песков.

Вчера Сунак беше официјално назначен за 57. премиер на Велика Британија по средбата со кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата.