16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДојава за бомба во пет скопски училишта

Дојава за бомба во пет скопски училишта

Пет скопски училишта се евакуирани поради дојава за поставени бомби. Гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“ се целосно испразнети од ученици и персонал, а екипи на МВР вршат пребраувања. Од МВР велат дека пријавите се по пат на е-пошта.

„Во СВР Скопје е пријавено дека на адреси на е-пошта на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, велат од МВР.

Во моментов, учениците се надвор од училишниот двор. Ова е втора дојава, откако претходно, вработен во ЈСП пријави дека поставил бомба во автобус поради тоа што вработените немаа земено плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП