2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија домаќин на Балканскиот конгрес за рударство

Македонија домаќин на Балканскиот конгрес за рударство

rudari1

Охрид од утре до 21 септември ќе биде домаќин на петиот Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството „Балканмине 2013“.

Над 300 учесници, експерти од 14 земји ќе презентираат повеќе од 130 научни трудови, претставувајќи ги перспективите на рударството, како и примената на најновите технологии во оваа стопанска дејност која е клучен двигател на економијата во земјите од Балканот.

Во рамките на конгресот ќе биде организиран и мал саем на компании од областа на рударството присутни на пазарот во Република Македонија и во поширокиот регион.

„Балканмине“ се одржува секои две години, а првпат беше организиран во Варна, Република Бугарија.

Главен покровител на „Балканмине 2013“ е АД „Електрани на Македонија“, а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери (ЗГРИМ) и Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП