19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре ќе бидат избрани победниците на конкурсот за креирање на најголемиот „ПЕНЗИСКИ...

Утре ќе бидат избрани победниците на конкурсот за креирање на најголемиот „ПЕНЗИСКИ ПАРК“

Кампањата „Засади желба, за поубава иднина“, која започна во октомври минатата година, утре ќе го одбележи крајот на овогодинешните активности со изборот на три најкреативни решенија за дизајнирање на „Пензиски парк“.

На конкурсот кој беше отворен на 21 септември, студентите од Архитектонскиот факултет и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ беа повикани да дизајнираат зелен простор со имагинарна површина од 5.000 квадратни метри во кој корисниците ќе можат да го поминуваат своето слободно време за релаксација и социјализација. Предложените решенија треба да содржат садници од видовите даб, црвена слива, горски и шарен јавор, како и урбана опрема која ќе ги задоволи потребите на корисниците.  

Доставените цртежи од студентите ќе бидат изложени утре, на 27 октомври, во холот на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде жири комисијата ќе избере победници. Трите најкреативни концепти ќе бидат наградени со таблети за цртање од пензиските друштва Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје, со што сакаат да ги поттикнат студентите во креирање на уште многу вакви општествено одговорни проекти.

„Од самиот почеток на кампањата се трудиме едукацијата за пензиските фондови и обезбедувањето на поубава иднина да ја изведеме со што е можно поголема вклученост на младите и среќни сме што успеавме во тоа. Покрај активното учество на средношколците во садењето и одржувањето на „Пензиските паркови“, одлучивме да ги вклучиме и студентите кои можат да дадат уште поголем придонес со креирање на концепти за поголем зелен простор кој ќе биде од корист за сите нас. Во оваа фаза зборуваме за организација на имагинарна површина, која во иднина ќе се обидеме да ја претвориме во убава реалност.“ – велат од пензиските друштва.

Покрај изложбата и изборот на победници на конкурсот, Архитектонскиот факултет од утре ќе биде домаќин и на деветтиот и последен „Пензиски парк“ за оваа година кој пензиските друштва ќе го засадат со помош на студентите.  

Сите информации и активности поврзани со кампањата„Засади желба, за поубава иднина“ се достапни на вебстраната www.penzija.mk  

Супервизор на капитално финансирано пензискоосигурување е Агенција за супервизија на капиталнофинансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП