17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУрсула фон дер Лајен во посета на Македонија

Урсула фон дер Лајен во посета на Македонија

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска попладне треба да пристигне во Македонија, со што официјално ќе ја започне турнејата низ земјите на Западен Балкан.

Според најавите, таа ќе биде пречекана пред Владата од владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

Псетата на Фон дер Лајен, како што најавија претходно од Европската комисија, е во контекст на војната во Украина и енергетската криза, а целта е да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија.

Еден дел од помошта во областа на енергетската криза, како што најави Фон дер Лајен минатата недела од Стразбур, ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување енергенси со земјите од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП