19 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИднината на гасниот центар на територијата на Турција: Нејасно е колку гас...

Иднината на гасниот центар на територијата на Турција: Нејасно е колку гас Европа е подготвена да купува од Русија

Анкара моментално нема информации за количините руски гас што земјите од Европската унија би биле подготвени да ги купат од Русија преку проектираниот гасен центар на територијата на Турција, изјави за ТАС С извор од турската влада.

„Во моментов не е јасно колку гас се подготвени да купат Европејците од Русија. Одредени земји од ЕУ се подготвени да се вратат на производството на нуклеарна енергија во обид да ја задржат својата независност од рускиот гас, а сосема е можно сличен развој на настани да се случат и во другите земји. Така, сега немаме информации за количеството руски гас што тие се подготвени да го купат преку центарот“, рече изворот.

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез во вторникот рече дека неговата земја е подготвена да разговара за патната карта за создавање на гасен центар на нејзина територија, во согласност со претходниот предлог на Москва.

Сепак, тој рече дека засега нема „точни датуми за разговори со Русија“ за ова прашање, според ТАС С.

Во минатонеделниот говор на Московскиот енергетски форум, рускиот претседател Владимир Путин предложи создавање на најголемиот гасен центар во Европа во Турција и пренасочување на обемот на гас, чиј транзит преку Северниот тек веќе не е можен, кон овој центар.

Според него, тоа може да значи изградба на уште еден гасоводен систем и создавање центар во Турција, преку кој гас ќе се доставува до трети земји, пред се европски, доколку се заинтересирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП