ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар оствари голем буџетски суфицит поради поскапувањето на енергенсите

Катар оствари голем буџетски суфицит поради поскапувањето на енергенсите

Прелиминарните статистички податоци покажуваат дека бруто домашниот производ на Катар пораснал за 4,3 отсто во првата половина на 2022 година, објави денеска емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

Високите цени на енергенсите досега резултираа со вишок во државната каса на Катар од 47,3 милијарди катарски ријали (12,9 милијарди долари), додаде емирот ал Тани во телевизиско обраќање на седницата на државното советодавно тело, пренесува Ројтерс.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП