2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзберете да бидете среќни...

Изберете да бидете среќни…

happy4

Ако сте несреќни на работа или на било кое место, тоа е затоа што вие самите сте решиле да бидете несреќни.

Среќата и несреќата во животот и на работното место се поврзани за правилата кои вие ги имате поставено кога оценувате настани. Овие правила одлучуваат на што вие се фокусирате и како реагирате на работите.

Многу луѓе поставуваат правила кои многу тешко може да ги направат среќни, а многу лесно може да ги направат несреќни.

Вие можеби сте работеле со некој продавач кој бил секогаш лут и викал на сите околу него. Тој, ги правел несреќени сите околу него и што е најважно тој самиот бил несреќен, бидејќи се го нервирало, и што имал за цел да оствари голема продажба.

Истовремено, можеби сте работеле со некој кој бил среќен секојдневно, а неговата цел била да оствари каква таква продажба.

Во овие случаи, првиот продавач имал поставено строги правила кои биле тешки за достигнување и затоа најчесто бил несреќен, додека, вториот имал поставени ниски цели за остварување што го правеле среќен.

Најчесто, без разлика на пристапот кој ќе го имате за работата, резултатите ќе бидат слични, а разликата е во тоа дали ќе бидете среќни на работното место или не.

Еве уште неколку начини како да бидете среќни на работното место:

1. Документирајте ги Вашите правила

Бидете искрени со себе и запишете го одговорот на следните прашања

– Што треба да ми се случи за да бидам среќен?

– Што треба да ми се случи за да бидам несреќен?

Потоа испитајте ги овие правила. Дали можете полесно да го остварите она што ве прави среќни? Ако одговорот е да, тогаш веројатно Вашиот план функционира.

2. Креирајте подобри правила

Користејќи ја Вашата имагинација, креирајте нови правила, кои ќе ве направат среќни како на пример:

– Уживам во работата со колегите

– Ми се допаѓа моето работно биро

Не грижете се доколку некои од овие правила ви звучат нереално, тоа е поентата. Сите внатрешни правила се само за вас.

И секако не заборавајте да додавајте нови правила, кога веќе нема да бидете среќни со старите. Но, во секој случај, секогаш изберете да бидете среќни…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП