10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија ја зголемува прогнозата за раст

Шпанија ја зголемува прогнозата за раст

shpanijaminister1

Шпанија наскоро ќе ја зголеми прогнозата за економскиот раст и вработеноста, како резултат на излезот од двегодишната рецесија, вели шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос.

„Ќе ја зголемиме прогнозата на вработеноста за тековната година  на 27 септември и внимателно ќе ја подобриме прогнозата која се однесува на економскиот раст и невработеноста во 2014 година“, изјави министерот на прес-конференцијата за новинарите.

Владата во претходната прогноза наведе дека очекува дека економијата оваа година ќе потоне за 1,3 проценти, пред да се врати на патот на раст од 0,5 проценти во 2014 година. Економијата во 2012 потона за 1,6 проценти.

„Зајакнувањето на извозот и забавувањето на падот на домашната потрошувачка не наведоа да веруваме дека шпанската економија излегува од рецесија, но тоа не значи дека излегла од кризата“, наведе Гиндос.

Се предвидува дека невработеноста ќе изнесува 27,1 проценти во оваа година и 26,7 проценти во наредната година. Стапката во вториот квартал падна на 26,2 проценти, благодарение на зголемената вработеност во текот на летната сезона.

„Пред една година, Шпанија претставуваше проблем за европската и светската економија. Сега Шпанија не е веќе проблем“, изјави министерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП