2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ценовникот „кафе со греалка“: Прво кафуле во Хрватска кое наплаќа греење

Во ценовникот „кафе со греалка“: Прво кафуле во Хрватска кое наплаќа греење

Едно кафуле во Загреб почна да наплаќа седење под греалки, а како што стојат работите, овој рецепт за намалување на трошоците ќе го применуваат многу ресторани.

Кафето со греалка чини 14 куни, а без – 12 куни. Секој гостин во ова загрепско кафуле кој сака да седне на терасата под греалка, покрај сметката за консумација мора да плати дополнителни две куни за греење.

„Мислам дека греалките надвор се луксуз, во зима. Имаме доволно внатрешен простор, ако некој навистина сака да биде надвор, ќе ги вклучиме греалките, но едноставно тој дел од трошокот треба да го префрлиме на крајниот корисник“, изјави Иван Орешковиќ, сопственик на ресторанот.

Сопственикот се одлучил на овој потег поради трипати повисоките сметки за струја, кои пораснале за 200 отсто. Лани еден киловат чинел 55 липи, а годинава една куни и 65 липи.

„Надвор седите во просек по 30 минути, досега ние го сносевме тој трошок. Секој грејач троши приближно 2 киловати на час, тоа би било 2 пати по 1,6 што е еднакво на 3,2 куни, а за тоа плаќавме една куна. Разликата ја префрливме на гостите, а главниот дел од трошокот го задржуваме за себе“, објаснува сопственикот.

Ова е единственото кафуле во земјава кое на ценовникот има греалка. Граѓаните се поделени за се, некои се спремни да ги дадат тие две куни ако се задоволни од услугата, но други сметаат дека тоа не е фер.

Како што стојат работите, ваквиот рецепт за намалување на трошоците и опстанок ќе го применуваат многу ресторани, пишува RTL.

Сепак, за некои од нив наплатата за парно е последна опција.

„Не можеме да ги зголемиме цените за да бидеме во чекор со трошоците, а сега тоа мораме да го покриваме на различни начини. Максимално ќе го избегнувам, односно конкретно што се однесува до греалките на терасите, нема да ги наплаќаме, но го разбирам секој мој колега што го применува“, посочува Леонард Топиќ, сопственик на ресторан во Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП