21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМакрон: Има шанса за мир во Украина

Макрон: Има шанса за мир во Украина

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изјави дека верува дека има шанса за мир во Украина.

– Има изгледи за мир, тој ќе дојде во одреден момент – рече Макрон на конференцијата во Рим чија цел е да се најдат начини за промовирање на мирот во светот, пренесе Ројтерс.

– И во одреден момент, со оглед на тоа како се развиваат работите и кога украинскиот народ и неговите лидери ќе одлучат за условите, може да се постигне мировен договор со другата страна – посочи Макрон.

Франција постојано нагласува, од почетокот на руската специјална операција во Украина на 24 февруари, дека е важно западните дипломатски канали кон Москва да бидат отворени, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП