20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрбан: Европската унија ќе заврши како Советскиот Сојуз

Орбан: Европската унија ќе заврши како Советскиот Сојуз

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги спореди институциите на Европската унија со советските трупи кои ја нападнаа Унгарија за време на револуцијата во 1956 година.

Обраќајќи им се на поддржувачите на 66-годишнината од почетокот на унгарската револуција, Орбан посочи дека ЕУ, која се обиде да го запре демократскиот напредок на Унгарија, ќе заврши како Советскиот Сојуз.

-Да не се занимаваме со оние кои во Унгарија „пукаат“ од сенка или од „височините“ на Брисел. Ќе завршат таму каде што завршија нивните претходници, рече Орбан.

Во Будимпешта и низ целата земја беа поставени плакати со порака: „Санкциите од Брисел не уништуваат“.

-Војната на нашата врата, финансиската криза и забавувањето на економијата во ЕУ, инвазијата на мигрантите од југот… мора да се соочиме со многу проблеми, рече Орбан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП