20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРуски авион се урна врз куќа(ВИДЕО)

Руски авион се урна врз куќа(ВИДЕО)

Руски борбен авион денеска удри во двокатна куќа во сибирскиот град Иркутск, соопшти регионалниот гувернер Игор Кобчев. На Телеграм тој објави видео на кое се гледа пожарот.

Во авионската несреќа загинаа и двајцата пилоти, рече Кобчев и додаде дека нема други жртви.

Според информациите на руското Министерство за вонредни ситуации, се работи за авион Су-30 кој бил на тренинг лет.

Ова е втор ваков инцидент во последните шест дена. Минатиот понеделник најмалку 14 цивили загинаа кога руски борбен авион удри во станбена зграда во рускиот град Јејск, недалеку од границата со Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП