13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГигнатите се подготвуваат за големи отпуштања: Најголемите светски компании почнаа да прават...

Гигнатите се подготвуваат за големи отпуштања: Најголемите светски компании почнаа да прават планови за намалување на трошоците

Додека светот влегува во се подлабока криза, бројни компании, дури и најсилните, се најдоа во незавидна ситуација. Гигантите сега се обидуваат да ги „кратат“ трошоците за водење бизнис, за да бидат подготвени да го дочекаат забавувањето на глобалната економија.

Мајкрософт, Морган Стенли, Голдман Сакс и Мета се само дел од компаниите кои неодамна решија да го постигнат споменатото намалување на трошоците со намалување на бројот на вработени. Околу 1.000 луѓе останаа без работа само во Мајкрософт минатата недела, според вработените. Слична е ситуацијата и во другите компании.

Експертите велат дека во светот тоа можеби е логичен редослед на настани, бидејќи големите компании во актуелната криза се трудат да бидат што порационални.

-Развиените земји имаат многу поразвиен социјален систем и кога ќе има отпуштања, тие работници не се егзистенцијално загрозени. Инфлацијата е виновна за ваквата состојба во компаниите ширум светот, има намалување на пазарот, па затоа и потребата од работна сила е помала, особено кај големите компании, велат експертите.

Од друга страна, ситуацијата е таква што ќе има пад во еден дел од индустријата, додека други ќе се развиваат. Ова сега е тренд кој ќе се продлабочува.

Мајкрософт

Многу вработени тврдат дека во текот на минатата недела оваа компанија отпуштила повеќе од 1.000 луѓе.

„Како и сите компании, ние редовно ги проценуваме нашите деловни приоритети и соодветно правиме структурни прилагодувања“, рече портпаролот на Мајкрософт. „Ќе продолжиме да инвестираме во нашиот бизнис и да вработуваме во клучни области за раст во наредната година“, додаде таа.

Мајкрософт во јули соопшти дека планира да отпушти помалку од 1% од својата работна сила од 180.000 лица и значително го забави вработувањето поради стравувањата од рецесија. Не е јасно дали овонеделните отпуштања биле вклучени во претходната бројка.

Морган Стенли

Извршниот директор на Морган Стенли, Џејмс Горман, рече дека банката размислува за потенцијални отпуштања. Отпуштањата бараат начин да се намалат трошоците, за да се избегне премногу економско забавување.

„Дефинитивно го разгледуваме бројот на вработени. Мора да ја земете предвид стапката на раст што ја имавме до последните неколку години, а научивме некои работи за време на КОВИД за тоа како можеме да работиме поефикасно“, рече Горман на конференцискиот повик на компанијата со аналитичарите.

Голдамн Сакс

Во меѓувреме, групацијата Голдман Сакс, наводно, планира да го преуреди опсегот на своите деловни единици во потег што често вклучува кратења на работни места.

Голдман Сакс ќе ги групира своите инвестициско банкарски и трговски операции во една деловна единица. Исто така, ќе го комбинира управувањето со имотот и богатството во друг сектор, додека третиот дел ќе биде задолжен за fintech платформите, како и за специјализираниот заемодавател GreenSky, објави The Wall Street Journal.

Мета

Мета, попознат како Facebook, моментално минува низ тивки отпуштања поради промените во очекувањата за перформансите кои би можеле да влијаат на дури 15 отсто од работната сила на компанијата, изјавија неколку вработени за Business Insider. Во разговор со ко-извршниот директор Марк Цукерберг, на работниците им беше кажано да го продолжат замрзнувањето на вработувањата што е во сила од мај.

Непосредно пред овој состанок минатата недела, извршниот директор им рекол на директорите низ целата компанија дека треба да изберат најмалку 15% од нивните тимови за да бидат назначени како „потребна поддршка“ во процесот на внатрешна ревизија, рече еден од луѓето кои разговараа за Insider. Сите работници побараа да не бидат идентификувани разговарајќи за неофицијалните информации.

Ова исто така беше дискутирано минатата недела во објавата на Meta Worker на Blind, апликација популарна меѓу технолошките работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП