17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ241. ден војна во Украина: Фокусот на војната се префрли во регионот...

241. ден војна во Украина: Фокусот на војната се префрли во регионот Керсон; Енергетскиот систем на Украина претрпе големи штети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за намерно одложување на минување на бродовите со жито. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најавува дека нема пречки за продолжување на договорот за извоз на украински житарки. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу разговараше со шефот на Пентагон, Лојд Остин. Лондон, Париз и Берлин повикаа на истрага на ОН за руската употреба на ирански беспилотни летала. ЕУ му вети на Киев 18 милијарди евра помош за следната година.

Русија нанесе штети од милијарди долари на украинскиот енергетски систем, изјави министерот за енергетика на Украина Херман Халушченко во интервју за Ројтерс, истакнувајќи дека во гранатирањето биле погодени најмалку половина од генераторите во термоцентралите во земјата.

По пауза од неколку месеци, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и шефот на Пентагон Лојд Остин телефонски разговараа за ситуацијата во Украина. Пентагон соопштува дека Остин во разговорот со Шојгу ја истакнал важноста од одржување на комуникацијата во светло на украинската криза, без да даде дополнителни детали.

Велика Британија, Франција и Германија повикаа на истрага на Обединетите нации за наводите дека Русија користела ирански беспилотни летала за да ја нападне Украина.

Продолжуваат и дискусиите за извоз на украински житарки. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по разговорите со својот украински и руски колега изјави дека не гледа пречки за продолжување на договорот за извоз на жита преку Црното Море.

Зеленски, сепак, ја обвинува Русија за намерно одложување на минување на бродовите за жито, посочувајќи дека 150 бродови чекаат да бидат натоварени со жито.

На вториот ден од самитот во Брисел, на европскиот лидер му беше ветено продолжување на финансиската помош за Украина во следната година во износ од 18 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП