3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв ресторан кој им наплаќа на гостите за греење: Дополнителни 5 и...

Прв ресторан кој им наплаќа на гостите за греење: Дополнителни 5 и 10 евра за седење на тераса

Многу австриски ресторани се мачат поради инфлацијата и повисоките трошоци за струја и гас, а некои од нив беа принудени да ги затворат своите објекти. Сепак, 30-годишниот сопственик на ресторан во Виена нашол начин да ги намали трошоците и да се обиде да преживее.

Имено, секој гостин кој и покрај студеното есенско време и ниските температури ќе сака да седне на терасата од ресторанот и да се стопли, со сметката ќе треба да доплати 5 или 10 евра за греење. Со оваа одлука ресторанот „Лукулус“ станува првиот ресторан кој на своите гости ќе им наплатува седење и греење на терасата.

Како што пишува „Хејте“, ако гостин седне на маса за четворица ќе треба да плати дополнителни 5 евра, а ако седне на поголема маса ќе треба да плати дополнителни 10 евра, пишува Вечерњи.хр.

„Хејте“ разговараше и со сопственичката на ресторанот Кармен Пачшвол и дознава дека на терасата се поставени 40 грејни тела, кои лани ја чинеле сопственичката 28.000 евра, а таа накратко ја коментирала нејзината одлука на гостите да им наплати греење:

„Не заработуваме со тоа, ги покриваме само трошоците“, рече таа.

Кармен објасни дека една грејалка троши два киловати на час, што е 80 центи.

„Над големите маси има четири греалки, што е 3,2 евра. Нашите гости седат на тераса во просек по три часа. Тоа се 9,6 евра“, пресмета таа.

„Ако тоа не ви одговара, можете да влезете во ресторанот, каде што е топло“, им рекла сопственичката на своите критичари, за кои вели дека ги нема многу и дека реакциите на гостите се главно позитивни.

Според неа, многу гости одат само на тераса за да испијат аперитив, а потоа продолжуваат да јадат и пијат во ресторанот.

„Оние кои најмногу се жалат се млади пушачи“, открила Кармен, додавајќи сосема самоуверено: „Ако некој не ја разбира околината и заштедите, не сум сигурна дека го сакам за гостин“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП