Францускиот претседател Емануел Макрон ги критикуваше Соединетите Држави за двојните стандарди во цените на американскиот гас, кој е многу поевтин на нивниот пазар отколку на европскиот пазар.
-Постои избор кој го направи американската економија и тоа е атрактивен избор кој јас го почитувам, но од него произлегуваат двојни стандарди – цените на енергенсите во Америка се многу пониски од овде, бидејќи САД се производители на енергенсите. Цената на американскиот гас на домашниот пазар е три до четири пати пониска од цената по која ни го продаваат. Тоа се двојни стандарди – рече Макрон на прес-конференцијата по самитот на лидерите на Европската унија.

