26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕрдоган откри: "Путин омекна, сега е многу помек и поотворен за разговори,...

Ердоган откри: “Путин омекна, сега е многу помек и поотворен за разговори, го видов тоа“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека забележал дека рускиот претседател Владимир Путин сега омекнал и е поотворен за дијалог од порано, пренесе ТАС С.

-Видов дека Путин сега е многу помек и поотворен за дијалог отколку порано. Ќе видиме што ќе донесат телефонските разговори што ќе ги имаме во следните неколку дена. Ќе ги сослушаме и Путин и Володимир Зеленски, изјави Ердоган на новинарите при враќањето од Азербејџан.

Ердоган истакна дека се надева дека во блиска иднина ќе разговара со претседателите на Русија и Украина, пишува турскиот весник Хуриет.

Кремљ, сепак, соопшти дека новиот телефонски разговор меѓу Путин и Ердоган моментално не е во плановите на рускиот претседател, но дека „може брзо да се организира“.

-Што се однесува до телефонскиот разговор со Ердоган – сега не е во план. Но, Путин и Ердоган често разговараат, а нивните разговори понекогаш траат буквално два часа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

За зборовите на Ердоган дека Путин омекнал и е отворен за дијалог повеќе од претходно, Песков вели дека Путин од самиот почеток бил отворен за разговори со Украина.

-Всушност, Путин од самиот почеток беше отворен за разговори. Тоа го кажа и самиот претседател неколку пати, истакна Песков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП