26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган продолжи со политиката која ги остави Турците со празни паричници

Ердоган продолжи со политиката која ги остави Турците со празни паричници

Турската централна банка во четвртокот ја намали основната каматна стапка за 150 базични поени трет месец по ред, од 12 отсто на 10,5 отсто – и покрај инфлацијата од над 83 отсто.

Пазарните аналитичари очекуваа намалување од 100 базични поени, па овој потег сепак успеа да изненади многумина и покрај зголемената редовност во намалувањата на каматните стапки во Турција.

Потрошувачките цени во земјата со 84 милиони жители се искачија на новото 24-годишно највисоко ниво од 83,45 отсто во септември, иако многу луѓе што живеат во Турција велат дека цените на основните производи во некои случаи се зголемени за повеќе од трипати во изминатата година.

Монетарната политика на земјата, со која раководи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се заснова на стремеж кон економски раст и извозна конкуренција, а не на смирување на инфлацијата.

Ердоган гласно го застапува неортодоксното верување дека зголемувањето на каматните стапки ја зголемува инфлацијата, а не обратно, а зголемувањето на каматите го нарече „мајка на сите зла“.

Неговата политика постојано предизвикува критики и ги збунува економистите и одигра голема улога во драматичното слабеење на турската валута, лирата, која изгуби приближно 28 отсто од својата вредност во однос на доларот оваа година.

Лирата го допре историскиот минимум по веста, на 18,615 лири за долар.

Турската валута падна за 50 отсто во однос на доларот во изминатата цела година. Додека дефицитот на тековната сметка на Турција се намали во август благодарение на зголемувањето на приходите од туризмот, тој и понатаму е значителен 3,1 милијарди долари, според Goldman Sachs.

-Лирата е сè уште слаба, реалните приноси се вештачки ниски, инфлацијата е зголемена, а тековната сметка се уште е во дефицит. Ова е причината зошто меѓународните инвеститори го напуштија турскиот пазар на обврзници во локална валута во последниве години, напиша Даниел Вуд, менаџер на портфолио во Вилијам Блер Инвестмент Менаџмент, во белешката во четвртокот.

Турската централна банка сигнализираше ново намалување на каматните стапки во ноември, но тоа би можело да биде последното намалување, велејќи дека финансиските услови мора да останат „поддршка“ за раст во услови на слабеење на побарувачката.

Тие додаваат дека „внимателно се следи“ забавувањето на странската побарувачка и притисоците врз преработувачката индустрија.

-Одборот оцени дека на следниот состанок ќе се преземе сличен чекор и ќе се стави крај на циклусот на намалување на каматните стапки, соопштија од банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП