3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинската централна банка ги остави каматните стапки непроменети

Украинската централна банка ги остави каматните стапки непроменети

Украинската централна банка избра да ја остави каматната стапка непроменета на 25 отсто во четвртокот, ниво што се очекува да остане до вториот квартал на 2024-та година поради високата инфлација поттикната од руската инвазија.

Регулаторот прогнозираше дека бруто домашниот производ (БДП) ќе се намали за 32 отсто оваа година, што е мало подобрување во однос на претходните проценки, бидејќи економијата „оживува“ од почетокот на војната, која започна на 24-ти февруари оваа година.

Според регулаторот, постепеното економско закрепнување ќе продолжи во 2023-2024 година, при што клучна претпоставка во прогнозите е очекувањето дека безбедносните ризици ќе почнат значително да се намалуваат во средината на 2023-та година.

Состанокот за монетарната политика беше прв за банката откако на функцијата гувернер ја презеде Андриј Пишни, кој во периодот 2014-2020 година беше на чело на државната штедилница во земјава.

Неговиот претходник Кирило Шевченко поднесе оставка, наведувајќи ги здравствените проблеми, но подоцна рече дека бил под политички притисок поради повторно отворениот случај за злоупотреба против него.

Во меѓувреме, продолжуваат преговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за линија за финансиска помош за Украина. Киев се надева дека ќе добие до 20 милијарди евра поддршка од ММФ за зајакнување на економијата. Организацијата со седиште во Вашингтон рече дека ѝ е потребна поголема предвидливост од украинските власти за економските изгледи и дека размислува за привремена програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП