10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонтролингот потреба на компаниите

Контролингот потреба на компаниите

kontroling

Компаниите да спроведат едукација во областа на контролингот, порачуваат финансиските експерти кои веќе ова го детектираат како потреба.

Андреја Швигар, експерт по контролинг во Хрватска, денеска на македонските компании им порача дека треба да формираат сектори кои ќе се занимаваат со контролинг, да вработат едуцирани лица и да го променат начинот на размислување на делувањето.

– Сите компаниите имаат проблеми. Сите сегменти се зафатени. За жал компаниите навреме не ја препознаваат парцијалната криза и оние проблеми кои треба навреме да се детектираат за кризата да не се рашири на целото претпријатие, истакна Швигар додавајќи дека конотролингот не е врзан за мало или големо претпријатие, дека проблемите се врзани и за едните и за другите, само што различно ги решаваат.

Според неа, проблемот со ликвидноста на претпријатието е еден сегмент што го прати контролингот. Нагласи дека кога ќе дојде до проблем со ликвидноста е веќе доцна.

– Ние на жалост зборуваме за лечење на неликвидноста, па се фокусираме на нешто што е последица. Претпријатијата треба да се насочат кон причините, а причините се секогаш во рентабилноста, посочи хрватската експертка за контролинг.

Хрватска, како што рече, веќе има искуство во оваа област и веќе ја едуцира шестата генерација контролори, а во Македонија се обучува втората генерација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП