20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски: Растот на БДП укажува на поволни трендови во економијата

Пешевски: Растот на БДП укажува на поволни трендови во економијата

pesevski

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски вели дека растот на БДП во првите два кваратала од годинава е над проектираното. За растот во втората половина од годинава е  умерен оптимист.

– Најновите статистички податоци укажуваат на поволни трендови во македонската економија. Растот од 2,9 во првиот и 3,9 проценти во вториот квартал од годинава се над она што го проектиравме. Тоа ја прави Македонија една од најдобро и најбрзорастечките економии во Европа. Сепак, треба да бидеме внимателни поради се уште недобро закрепнатата европска економија, изјави Пешевски одговарајќи на прашање по обраќањето на првиот академски час на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Тој посочи дека во втората половина од годинава очекува значително подобри резултати во делот на привлекувањето  странски инвестиции. И останатите сектори, нагласи, би требало да продложат со раст онаму каде што постојат услови, а и сите останати економски политики кои ги спроведуваме  би требало да продолжат да даваат резултати.

– Токму како резултат на правите економски политики, на темелниот пристап и на анализите кои ги правевме се должат и позитивните трендови. Сепак, треба да се биде умерен оптимист и не треба да сметаме дека кризата е готова. Ќе продолжиме со носење нови мерки и нови реформи, се со цел македонската економија и  животниот стандард на граѓаните да продолжи да расте, рече Пешевски.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика Бруто домашниот производ во вториот квартал од годинава бележи раст од 3,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП