24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБелата куќа: Иранските војници на Крим и помагаат на Русија во нападите...

Белата куќа: Иранските војници на Крим и помагаат на Русија во нападите врз Украина

Иранските војници се на Крим, каде им помагаат на руските сили да извршат напади со беспилотни летала од иранско производство врз Украина, соопшти денеска Белата куќа.

„Денес можеме да потврдиме дека руските војници со седиште на Крим управувале со ирански беспилотни летала и ги користеле за извршување напади во Украина, вклучително и во Киев во последните денови“, изјави Џон Кирби, директор на Советот за национална безбедност.

„Проценуваме дека иранските војници биле на терен на Крим и дека и помогнале на Русија во тие операции. Немам број на иранци кој престојуваат на Крим“, рече тој, навестувајќи дека тие се уште се таму, заедно со руските сили.

Кирби рече дека Русија досега добила десетици „дронови“ и ќе продолжи да ги добива, и истакна дека САД стравуваат дека Русија сега можеби се обидува да добие иранско конвенционално оружје, како што се ракети земја-земја за да ги употребув во Украина.

Кирби прецизираше дека иранците во Украина се техничари и учители и дека руските војници извршиле напади со „дронови“ кои сериозно ја оштетиле украинската инфраструктура.

„Техеран сега е директно ангажиран на теренот“, рече тој.

„САД ќе направат се што е можно за да ги откријат тие испораки на оружје, да ги одвратат и да се борат против нив“, додаде Кирби, велејќи дека САД ќе продолжат да спроведуваат санкции против продажбата на оружје и на Русија и на Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП