Италијанското Министерство за еколошка транзиција потпиша нова регулатива за заштеда на енергија, со која се заоструваат максималните температурни граници и се скратува периодот на греење на гас во текот на зимата.
Времето за греење во текот на денот се скратува за еден час, додека вкупната грејна сезона ќе биде скратена за 15 дена, така што почетокот ќе доцни осум дена, а завршувањето ќе биде седум дена порано, пренесува порталот Локал Италија.

