8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдеми: Затворање на капацитетите што во рокот нема да исполнат еколошки стандарди

Адеми: Затворање на капацитетите што во рокот нема да исполнат еколошки стандарди

ademi

Владата останува на ставот дека нема да се пролонгира рокот за добивање интегрирана еколошка дозвола до април 2014 година, нагласи министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Адеми истакна дека компаниите имаат доволно време да се подготват за да ги имплементираат сите еколошки стандарди, а за непочитување на обврската ќе бидат санкционирани.

– Најголема и единствена казна за непочитување на Законот ќе биде затворање на инсталацијата. Законот е усвоен во 2005 година и од тогаш сите инсталации во Македонија знаеjа дека треба да аплицираат со конкретни оперативни планови да обезбедат А интегрирана дозвола и до април 2014 сите оперативни планови да ги имплементираат, рече Адеми.

Досега, додаде тој, во Министерството аплицирале 135 компании за А и Б интегрирани дозволи. Издадени се 50 А интегрирани дозволи, уште толку се во постапка, кои ќе ги добијат наскоро.

Претставници на Владата и од компаниите минатата недела одржаа средба, каде им беше укажано дека рокот нема да се пролонгира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП