3 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈСП попладнево ќе вози, Советот на Скопје изгласа пренамена на средства за...

ЈСП попладнево ќе вози, Советот на Скопје изгласа пренамена на средства за да им се исплатат плати

Вработените на ЈСП ќе добијат плата. Советот на Скопје изгласа пренамена на 133 милиони денари од буџетот на Градот да се наменат за плати во ЈСП. Советниците и денешната седница ја почнаа со политички престрелки поради кои двапати ги предупреди претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

„Ве молам, изгласајте ја одлуката, па подоцна објаснувајте се, втората смена во ЈСП чека на гласањето за да почне да вози“, предупреди Димовски.

Кусо по второто предупредување, Советот ја изгласа одлуката за пренамена на средствата.

Вработените во ЈСП платата ќе ја добијат утре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП