ЕКОНОМИЈА

Фирмите да го почитуваат Законот за третман на опасниот отпад

otpad

Од 380 фирми во Македонија кои поседуваат или создаваат опасен отпад, односно батерии и акумулатори, 54 имаат склучено договор за собирање и транспортирање со фирмата „Нулта отпад“ која има лиценца за вршење на таа дејност издадена oд Министерството за животна средина и просторно планирање(МЖСПП). Според фирмата „Санс-АГ“  од Штип која има лиценца за собирање отпадни гуми, од статистичката проценка  од 5.000 тони отпадна гума во Македонија тие досега имаат собрано 35 проценти. Досега се собрани  45 тони акумулатори и 1,5 тони батерии.

Ова денеска на прес конференција го кажаа претставници од фирмите лиценцирани за собирање и транспортирање отпад и од МЖСПП со цел да ја зголемат свеста кај правните лица кои работат со ваков опасен отпад да постапуваат според Законот.

Ана Каранфилова-Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад при МЖСПП посочи дека Законот има за цел да избегне генерирање на отпадот, да се искористи како ресурс и одржливо да се управува со отпадот со цел да се зачува животната средина.

Доколку не се почитуваат одредбите од Законот, санкциите се високи и изнесуваат и до 3.000 евра по изречен прекршок.

Во Законот за управување со отпад од 2004 година во членот 6 се дефинираат видовите отпад меѓу кои и опасниот отпад што по својот состав може да предизвика опасност по животната средина и животот и здравјето на луѓето.

Со посебен член од Законот се уредува и постапувањето со отпад од акумулатори и батерии за што и постои посебен Закон донесен во 2010 година и правилник за начинот и постапување и постапување со отпадни гуми донесен во 2009 година.