6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот факултет од Скопје го одблелжа почетокот на новата академска година

Економскиот факултет од Скопје го одблелжа почетокот на новата академска година

ekonomski

Учете и не се штедете себеси кога спремате испити, научете се и нешто повеќе од она што се бара и на тој начин секогаш ги ќе положувате испитите, им порача на бруцошите вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски во обраќањето на првиот академски час на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Тој ги потсети дека период додека студираат ќе им ја определи целата натамошна кариера и им рече дека доколку стекнат работни навики, знаење и самодоверба во себе нивната кариера ќе се одвива успешно.

– Високото образование е составен и неодвоив елемент од развојот на секоја земја. Тоа  не е само најсилен агенс кој го детерминира општествено-економскиот развој на внатрешен план, туку и квалитет со кој земјата се легитимира себеси на надворешен план. Развојот на високото образование не е прашање на добра волја, туку обврска од чие исполнување зависи дали земјата ќе се  најде во улога на статист или активен играч во процесите на глобализација, рече Пешевски.

Тој посочи дека според ранг листата на Шангајскиот Џиaотонг Универзитет, „Св. Кирил и Методиј“ е водечкиот универзитет во Република Македонија, а студирањето на Економскиот факултет во Скопје е привилегија, чест и голема обврска.

– Економскиот факултет, бил и се повеќе  е расадник на млади и остручени кадри способни  да се вклучат и да придонесат во развојот на нашето стопанство. Секоја наредна учебна година расте интересот за запишување на Економскиот факултет во Скопје што говори  за можностите и квалитетот што им се нуди на студентите. Со современи и иновирани програми, стручен и докажaн наставен кадар, технички и логистички опремен простор, Економскиот факултет во Скопје успешно се вклопува во европскиот образовен простор, нагласи Пешевски.

Деканот на Економскиот факултет проф. д-р Љубомир Дракулевски им порача дека факултетот има над 60 години традиција, знаење и посветеност кон образованието  на кадри од областа на економијата и бизнисот. На Економскиот факултет во Скопје досега, истакна, имаат дипломирано над 19 илјади студенти, над 1.200 студенти се стекнале со звањето магистер, а повеќе од 240 со звањето доктор на економски науки. Во моментов студираат над 4.000 студенти.

– Владата оваа година  ја препозна потребата за економски кадри и овозможи најголема државна квота за студирање на Економскиот факултет со што овозможи поголем број на студенти да се определат за студирање на нашиот факултет… Вие сте втората генерација на студенти која студира според новиот наставен план на факултетот  со предмети групирани во седум департмани. Покрај задолжителните 19 предмети имате уште 12 предмети кои може да ги бирате од листата на предметите на УКИМ, со што можете да го крирате вашето образование, им рече Дракулевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП