16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето плата во Хрватска 1.018 евра

Просечната нето плата во Хрватска 1.018 евра

Просечната месечна нето-плата по вработен во Хрватска во август изнесувала 7.679 куни (1.018 евра), што е номинално повисока за 8,9 отсто и реално три отсто пониска во споредба со истиот месец во 2021 година, објави Државниот завод за статистика на Хрватска.

Августовската нето плата номинално е повисока за 1,4 отсто, а реално за 1,3 отсто отколку во јули, пренесува Хина.

Меѓугодишниот реален пад на платите е последица на рекордната инфлација. Потрошувачките цени во Хрватска во август пораснале за 12,3 отсто на годишна основа, а инфлацијата во септември забрза на 12,8 отсто.

Медијалната нето плата во август изнесувала 6.594 куни (околу 875 евра), што значи дека половина од вработените заработиле помалку, а половина повеќе од таа сума.

Во периодот јануари-август годинава просечната месечна нето-плата во Хрватска изнесува 7.583 куни (1.005 евра), што во однос на истиот период лани е номинално повисока за седум отсто, а реално пониска за 2,3 отсто.

Највисока просечна нето-заработка во август е забележана во секторот за воздушен транспорт во износ од 13.091 куни (1.736 евра), а најниска во производството на облека во износ од 4.928 куни (околу 654 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП