23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕУ: Има докази за употреба на ирански дронови во Украина

ЕУ: Има докази за употреба на ирански дронови во Украина

Европската унија собра „докази“ кои покажуваат дека Иран ги испорачувал беспилотните летала што ги користи Русија против Украина и подготвува санкции против Техеран, изјави портпаролката на Унијата.

„Сега кога собравме доволно докази, работиме на јасен европски одговор, брз и цврст“, рече Набила Масрали, портпаролка на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Списокот со санкции е доставен до земјите-членки на Унијата и се очекува одлука за нив во текот на неделата, изјави дипломатски извор.

Иран негира дека и испорачувал беспилотни летала на Русија, а Кремљ соопшти дека нема информации дали се користени ирански дронови камикази на 17 октомври во нападот на Киев.

Руските сили денеска повторно го гаѓаа јужниот дел на украинскиот регион Миколаев со беспилотни летала камикази, соопшти украинската војска, бидејќи повеќе од една недела воздушни напади уништија речиси една третина од електраните во Украина и ја прекинаа електричната енергија во повеќе од 1.000 градови и села.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП