27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Раст на индустријата за 9 %

Црна Гора: Раст на индустријата за 9 %

crnagora1

Индустриското производство во Црна Гора во август, во однос на истиот месец минатата година, забележа раст од девет проценти, соопшти заводот за статистика Монстат.

Индустриското производство во Црна Гора во однос на претходниот месец е зголемено за 0,8 проценти, додека во однос на просечно месечно производство од претходната година, тоа е зголемено за 8,7 проценти.

Според податоците од Монстат, индустриското производство во Црна Гора во првите осум месеци, во однос на истиот период минатата година, е зголемено за 9,5 проценти.

Истовремено, производствените цени на индустриските производи во Црна Гора во август, во однос на истиот месец од минатата година, се пониски за два проценти.

Месечната дефлација во август во Црна Гора изнесуваше 0,1 проценти, додека годишната инфлација била на ниво од 2,2 проценти.

Монстат соопшти дека најголемо влијание на месечната стапка на дефлација имал падот на цената на храната, облеката и цврстите горива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП