29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтратешките резерви на нафта во ЕУ полека почнуваат да закрепнуваат (ИНФОГРАФИК)

Стратешките резерви на нафта во ЕУ полека почнуваат да закрепнуваат (ИНФОГРАФИК)

Стратешките резерви на нафта во Европската унија достигнаа историски минимум во јуни 2022-ра година (101,1 милиони тони), но во јули почнаа да закрепнуваат со раст од 2,5% до 103,6 милиони тони, покажуваат податоците на Евростат.

Во споредба со јануари 2022-ра година, стратешките резерви на нафта се за 4,5% помали, а во однос на јуни 2021-ва година за 10,3%, додаваат од статистичката агенција на заедницата.

Падот во јуни се должи на интервенциите на домашниот пазар што некои европски земји ги презедоа за да ги одржат цените на горивата ниски.

Стратешките резерви на нафта и нафтени деривати се од суштинско значење за енергетската безбедност на европските земји. Количините се одредуваат со директива, а од почетокот на војната во Украина тие се ревидирани нагоре. Резервите се од различни видови производи – нафта, горива, мазут и слично, според потребите на соодветните земји.

Овие залихи може да се складираат и на територијата на друга земја на ЕУ, во јули околу 11% од стратешките нафта и нафтени деривати биле складирани во друга земја, при што само пет земји ги чувале на своја територија. Тоа се Чешка, Унгарија, Австрија, Полска и Словачка.

Луксембург и Малта го одржуваат најголемиот дел од нивните стратешки резерви на нафта во странство – 87% и 84% соодветно.

Податоците на Евростат, исто така, покажуваат дека нѐ сите земји ги одржуваат своите стратешки нивоа на залихи наспроти насоките.

Најзначајни се залихите во најголемата европска економија, Германија – вкупно 23,7 милиони тони до крајот на јули 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП