3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМалолетните синови пристигнаа во Украина: Позираат во униформа со пушки пред камерите!

Малолетните синови пристигнаа во Украина: Позираат во униформа со пушки пред камерите!

Членовите на семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров пристигнаа во окупираниот град Маријупол. На видеото кое го објави Некста се гледаат вооружените синови на Кадиров како позираат со пушки во рака.

Да потсетиме, чеченскиот лидер неодамна најави дека ќе ги испрати своите три сина, кои се на 14, 15 и 16 години, на фронтот во Украина да се борат заедно со руската армија.

Во долга објава на Телеграм, Кадиров тогаш напиша дека воената обука на неговите синови започнала одамна и дека сега е време тие да доживеат вистинска борба.

Тој им се обрати и на оние кои тврдеа дека членовите на семејството на чеченскиот лидер не учествуваат во воените операции во Украина. Објавата беше придружена со видео на кое се гледа како неговите синови пукаат со различно оружје за време на тренинг.

Меѓународниот суд на правдата смета дека употребата на деца помлади од 15 години во конфликти е воено злосторство, но Русија не ја признава јурисдикцијата на овој суд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП