20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците бараат добавувачи во земјите од Западен Балкан

Германците бараат добавувачи во земјите од Западен Балкан

Германското здружение за управување со материјали, увоз и Logistics (BME e.V.) ги поканија компаниите од Западен Балкан да бидат дел од регионалниот B2B проект „Германска иницијатива за пронаоѓање добавувачи во земјите од Западен Балкан“.

Состанокот на државите ќе се одржи на 6 декември во Штутгарт, а целта на проектот, кој се спроведува осма година по ред, е германските компании да најдат производители од бараните индустриски области во земјите од Западен Балкан.

Беше посочено дека учество во проектот потврдиле 50 германски компании.

Како што е наведено, заинтересираните германски компании главно доаѓаат од секторот за преработка на метали, од секторот добавувачи за автомобилската индустрија, од секторот за преработка и производство на пластични материјали и помал број компании од електро и електронскиот сектор.

Настанот се реализира под покровителство на Министерството за економија и енергетика на Германија како дел од Програмата за развој на странски пазари за мали и средни претпријатија на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП