21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМилановиќ против обуката на украинските војници во Хрватска: Ова значи да се...

Милановиќ против обуката на украинските војници во Хрватска: Ова значи да се донесе војната дома

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави во Загреб дека се противи на идејата за обука на украински војници во Хрватска, велејќи дека тоа значи доведување на војната во Хрватска.

„Јас не ја поддржувам таа идеја бидејќи не поддржувам повеќе отколку што треба да се вклучи Хрватска во оваа војна“, рече Милановиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања, Милановиќ рече дека не слушнал за таков предлог, но дека однапред ќе каже дека не му се допаѓа и дека како врховен командант на армијата нема да го одобри.

„Тоа носи војна во Хрватска. Однапред велам да не навлегуваме во тоа, а за се што мислиме да донираме немам никакво влијание на тоа. Тоа се материјални средства, тоа го одредува Владата“, рече хрватскиот претседател.

Тој додаде дека Хрватска е „коректна и солидарна“, но „не повеќе од тоа“.

Хрватските медиуми објавија дека Хрватска се споменува како еден од можните домаќини на воена обука на територијата на ЕУ за околу 15.000 украински војници. Во оваа прилика, хрватското Министерство за одбрана изјави дека хрватската армија континуирано спроведува сопствена обука и дека е подготвена да прими странски специјализанти во рамките на постојната обука, согласно плановите и законските процедури, пренесува N1 Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП