5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУште една чудна смрт во руската војска: Пронајден мртов рускиот комесар задолжен...

Уште една чудна смрт во руската војска: Пронајден мртов рускиот комесар задолжен за мобилизацијата на Путин

Роман Малик (49), воениот комесар за градот Партизанск на рускиот Далечен Исток, кој беше одговорен за мобилизација и регрутирање во регионот, почина вечерта на 14 октомври. Неговата смрт ја пријави градската управа преку руската социјална мрежа „Вконтакте“, пренесе „Медуза.ио“.

„Срцето на силниот и храбар човек, кој помина низ многу жаришта, но никогаш не се скрши под товарот на тешките воени настани и многу загуби, застана“, се вели во соопштението во кое смртта на Малик е опишана како трагична.

Локалниот весник „Времја перемен“ пишува дека телото на комесарот „со знаци на самоубиство“ било пронајдено „на оградата“, а каналот „Меш“ на „Телеграм“ наведува дека телото на Малик е пронајдено „во близина на оградата“. Полицијата ја истражува можноста и за самоубиство и за убиство. Блиските на Малик не веруваат дека се работи за самоубиство, истакнува „Медуза“.

Хонорарен репортер, чие корисничко име на „Твитер“ е „Фифти шејдс оф веј“, напиша дека „потполковник Роман Малик бил главниот воен службеник задолжен за мобилизацијата на Путин“.

„Телото на Малик наводно било пронајдено обесено во очигледен случај на самоубиство во близина на неговиот дом“, рече тој.

А телевизијата „Некста“ на „Твитер“ објави дека телото на комесарот е пронајдено во приморскиот крај.

„Познато е дека Малик се борел во Чеченија и речиси не се жалел на своето здравје“, рече Некста.

Руската мобилизација почна на 21 септември. Властите најавија дека планираат да повикаат 300.000 резервисти, а „Медуза“ објави дека Москва, всушност, планира да повика 1,2 милион луѓе, што Кремљ го негира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП